Дачиќ: Веќе нема криење, посебно не зад Косово

Од:

Претседателот на Владата на Србија Ивица Дачиќ оцени дека во Србија, поради нејзината иднина, веќе никој нема право на криење, а посебно не зад Косово, затоа што новите обиди за криење би завршиле со уште еден егзодус, нови жртви и нов пораз.

Во авторскиот текст за денешна „Политика“ Дачиќ вели дека спогодбата во Брисел претставува крај на почетокот, симнување на бремето од грбот на нацијата, кој го носи веќе 20 години, како и дека девастирањето на Србија морало да заврши. Цитирајќи ги зборовите кои мусе припишуваат на Пикасо, творецот на „Герника“, слика на тоталното уништување, тој рече: кој сака нешто да направи ќе најде начин, кој не сака ништо да направи – ќе најде оправдание, наведувајќи дека таа теза најмногу одговара на српската реалност во моментов.

„И можеби некој ќе се лути ако се каже дека станавме Герника на Балканот, но никој не може да оспори дека во изминатите 20 години ги доживеавме сите облици на катаклизма. Распаѓање на неколку држави, исфрлање од меѓународната заедница, санкции, сиромаштија, бомби, глад и самоубиствени грабежи на самите себе и сопствениот имот“, наведува Дачиќ.

„Секое зло кое сами на себе беспоштедно си го нанесувавме, не сакајќи и не обидувајќи се притоа барем малкуза себе нешто да направиме, го правдавме со виши цели, небо, светци, нација“, потенцира српскиот премиер.

„Спогодбата во Брисел е крај на почетокот, како што би рекол Черчил, односно симнување на бремето од грбот на нацијата кое го носи 20 години, опасноста дека ќе биде виновна и осудена ако не ја реши невозможната задача. Како на цела Србија да сме и рекле дека мора да најде решение за квадратурата на кругот. Кој не бара – предавник е. Тоа што не постои квадратура на кругот неважно е. Тоа е едноставно национална задача“, објаснува Дачиќ.

„Биолошкото изумирање на Србија, девастирањето на нејзината инфраструктура, уништувањето на економијата, културата, науката, здравството, образованието…сето тоа беше оправдано со големата национална задача, барање квадратура во балканските кругови. Тоа мораше да запре“, истакнува претседателот на српската Влада.

„Да признаеме дека во косовскиот круг нема квадрат и тогаш, полека, Србија да почнеме да ја спуштаме на земја. И на таа земја, се уште опустошена, почнавме да бараме начин, а не изговори“, вели тој.

„Моравме така, бидејќи во Србија, поради нејзината иднина, веќе никој нема право на криење. А и веќе нема зад што да се сокрие. Посебно не зад Косово. Затоа што новите обиди за криење би завршиле со уште еден егзодус, нови жртви и нов пораз“, смета Дачиќ, дополнувајќи дека тоа би се завршило со нова неправда. „Косово би продолжило, без какво и да е осудување или одговорност кон Европа, а ние повторно би биле турнати во длабоката балканска дупка на безнадежност, несреќа глад и чемер“, вели тој. Дачиќ дополнува дека поради сето тоа мора да биде пронајден начин за излез, начин кој е важен заради Косово, за Србите од Косово и важен за „целата ненаселена, сиромашна, невработена и несреќна Србија“.

„И целата суштина на бриселската спогодба е во тоа. Да го означиме почетокот на крајот и крајот на почетокот и да најдеме начин, и начини, да го направиме она поради што сме избрани. А избрани сме за Србија да биде земја во која има работа, патишта, училишта, болници, книги, театри, лекови, задоволни и остварени луѓе“, потенцира Дачиќ.

„И избрани сме на земски, а не небески избори, за земска Србија. На оние небеските, за небеска Србија, таа приказна е завршена. Има кој да бира и да суди. И така треба, а ние ќе се занимаваме со нашите работи, на нашата земја. Беа криење. И без изговори, заклучува Дачиќ во авторскиот текст.

МИА

Би можело да ве интересира

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ