Дачиќ: ОН го одбија приемот на Косово во УНЕСКО

Од:

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за весникот „Блиц“ изјави дека ОН вчера „не го прифатиле барањето на Косово за членство во УНЕСКО“.

Тој истакна дека Организацијата на ОН за образование, наика и култура (УНЕСКО) нема да добие предлог од централата на Светската организација да се расправа околу барањето на Косово, но предупреди дека тоа е само прв чекор.

– Сега може да се очекува Косово директно да му се обрати на УНЕСКО со барање за прием, нагласи шефот на српската дипломатија.

Весникот пишува дека дипломатската борба дефинитивно не е завршена, бидејќи може да се случи некоја трета земја во име на Косово да го достави ова барање пред Извршниот совет на УНЕСКО.

Барањето на Приштина не е согласно мандатот на УНМИК, кој се придржува кон Резолуцијата 1244 на ОН, се наведува во образложението на Светската организација во врска со предлогот Косово да биде примено во членството на УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани