Дачиќ: Лесото ја повлече изјавата за признавање на независноста на Косово

Од:

Лесото го повлече политичкиот став за статусот на Косово и сите изјави кои може да се толкуваат како признавање на независноста на Косово.

Тоа го соопшти српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ по состанокот со премиерот и шефот на дипломатијата на Лесото.

Владата на Кралството Лесото го ревидирала својот став за статусот на Косово, се наведува во нотата на министерството за надворешни работи и меѓународни односи на Лесото.

– Министерството соопштува дека Владата на Кралството Лесото смета дека нејзиниот единствен придонес за решавање на идниот статус на Косово треба да биде поддршка на дијалогот помеѓу Белград и Приштина, а не дефинирање на статусот пред да заврши дијалогот. Владата на Кралството Лесото не се изјасни по ова прашање, ниту ќе се изјаснува се до завршување на дијалогот. Кога страните ќе постигнат договор, тогаш Лесото цврсто ќе го поддржи, се наведува во нотата.

Владата на Лесото, истовремено, ги повлекува сите претходно изјави во врска со Косово, особено тие кои на некој начин може да се толкуваат како признавање на независноста на Косово, се наведува во документот.

Лесото истакнува дека „едностраната декларација за независност на Косово од февруари 2008 година е во спротивност со Завршниот акт од Хелсинки, помеѓу другото со неговите принципи 3 и 4 и во поголема мерка во спротивност со Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244 (1999) која е усвоена во согласност со Повелбата на ОН“.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада