Црногорските пратеници бараат истрага за понудата која ја добил Абазовиќ за да не го урива Ѓукановиќ од власт

Од:

Црногорските пратеници од мнозинството, но и од опозицијата во Парламентот денеска побараат надлежните органи да ја истражат изјавата на претседателот на УРА Дритан Абазовиќ дека му бил понуден поткуп од 21 милион евра за да не се приклони кон партиите кои имаа за цел да ја симнат од власт Демократска партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ.

Пратеникот од Демократскиот фронт Предраг Булатовиќ ги повика надлежните веднаш да ги истражат наводите на Абазовиќ затоа што станува збор за „политичка корупција“. На барањето се придружи и пратеникот од опозициската ДПС Даниел Живковиќ, кој рече дека доколку не го сторат тоа властите, тогаш постапка ќе иницира неговата партија.

Во синоќешната изјава Абазовиќ не сакаше да открие кој му ги понудил парите.

Тој тврди дека добивал понуди од сите страни и од „некои кланови“, но одби да каже кој и што му нудел.

– Вистина е дека добивав понуди од некои кланови. Не сакам од себе да правам жртва. Имам големи притисоци бидејќи влогот е огромен, кој го добивме по изборите. Но, не се чувствувам небезбедно, изјави синоќа Абазовиќ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора