Црногорскиот Парламент треба да гласа за доверба на Владата на Ѓукановиќ

Од:

Парламентот на Црна Гора денеска би требало да се изјасни по иницијативата за гласање довреба на Владата на премиерот Мило Ѓукановиќ.

Гласањето првично требаше да се одржи вчера, но претседателот на Парламентот Ранко Кривокапиќ го одложи за денеска, бидејќи во текот на вчерашната дебата не успеаја да говорат сите пријавени пратеници. Дебатата ќе продолжи денеска, по што се очекува да се одржи и гласањето.

Вчерашниот тек од расправта по иницијативата мина во жестоки обвинувања и препукување меѓу пратениците од двете партии од владината коалиција – Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Ѓукановиќ и Социјалдемократската партија (СДП) на Кривокапиќ.

За да добие доверба, Владата на Ѓукановиќ треба да биде поддржана од мнозинство од вкупниот број пратеници во Парламнетот, односно од 41 пратеник.

Владејачкото мнозинство има 44 пратеници, од кои петмина се од редовите  на СДП. Кривокапиќ уште во петокот најави дека неговата партија нема да го поддржи Кабинетот на Ѓукановиќ.

Премиерот Мило Ѓукановиќ побара гласање за доверба на неговата Влада на 29 декември минатата година. Во барањето за гласање доверба е посочено дека во поголемиот дел од мандатот на Владата, формирана во 2012 година, парламентарното мнозинство не му давало категорична политичка поддршка на коалицискиот кабинет.

Доколку Владата не добие доверба од мнозинството пратеници, ќе бидат распишани предвремени избори, на кои според последните истражувања ДПС на Ѓукановиќ може да освои 45 отсто од гласовите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски