Црногорскиот Парламент и изгласа доверба на Владата на Ѓукановиќ

Од:

По тридневна расправа, во која доминираа препукувањата и меѓусебните обвинувања меѓу пратениците од двете партии на владината коалиција, црногорскиот Парламент доцна синоќа и изгласа доверба на Владата на премиерот Мило Ѓукановиќ.

Како што јави Фена, за доверба на Владата се изјаснија 42 пратеници, а 20 беа против. За добивање доверба на владиниот Кабинет му беа потребни најмалку 41 глас.

За владината доверба се изјаснија пратениците на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) на Ѓукановиќ, на опозициската Позитивна Црна Гора и на партиите на националните малцинства.

Против пак гласаа пратениците на блокот опозициски партии, но и на помалиот партнер во владината коалција – Социјалдемократската партија (СДП) на претседателот на Парламентот, Ранко Кривокапиќ.

Во завршното обраќање пред изјаснувањето на пратениците, Ѓукановиќ соопшти дека го прифаќа планот за надминување на политичката криза во земјата, предложен од партијата Позитивна Црна Гора и ја повика опозицијата да се вклучи во работата на Владата.

Аналитичарите во Подгорица оценуваат дека синоќешното гласање во црногорскиот Парламент претставува дефинитивен крај на коалицијата меѓу ДПС и СДП, која датира уште од 1998 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски