Црногорски социолог: Проституцијата е реалност во Црна Гора

Од:

„Легализација на проституцијата е нешто со што Црна Гора мора да се соочи, нешто што е реалност“, – изјави социологот Срѓан Вукадиновиќ.

Тој смета дека никакви санкции не може да бидат решение, туку тоа може да се реши само со отворен дијалог.

Според него не се проблем лицата кои се занимаваат со неа, туку посредниците во тој чин, поради што легализацијата е нешто што ќе го отстрани главниот проблем, макроата.

-Мислам дека Црна Гора мора да се соочи со легализација на проституцијата, бидејќи тоа е реалност. Системот треба да биде уреден така што актерите во тој процес треба да бидат контролирани од државата, во медицински или кој било друг поглед – порача Вукадиновиќ.

Меѓутоа, Лилјана Раичевиќ од Безбедносната куќа на жени, не се согласува со мислењето на експертот, бидејќи има податоци дека државите како Германија, Холандија и други во кои е легализирана проституцијата не се задоволни од тоа.

Таа додаде дека легализацијата нема да придонесе за контрола на секс-индустријата туку ќе ја зголеми и само ќе ја потпомогне трговијата на жени, кои сексуално се експолоатирани.

Вукадиновиќ додаде дека легализацијата, сепак нема да биде решение за таканаречената елитна проституција.

-Црна Гора е добро подрачје за овој вид проституција. Во сферата на елитната проституција не е можно да се разоткријат сите учесници во тој процес, бидејќи се работи за големи пари- заклучи тој.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски