Црногорец ја повика Јованка Броз да живее со него

Од:

Црногорскиот државјанин, Арас Балиќ кој што живее во Германија ја покани Јованка Броз да замине во неговата куќа во градот Ринтелн, во Долна Саксонија, за да и овозможи пристоен живот.

Како што пренесе весникот „Вјести“, тој порачал дека Јованка во неговата куќа би имала своја соба и дека би ја чувал како мајка.

Според неговите зборови срамно е за секој чесен човек од Триглав до Гевгелија, што вдовицата на Тито живее во непристојни услови.

Тој за себе вели дека бил титов пионер и дека неговата сопруга не заслужува да живее во изолација, без елементарни услови за живот.

Балиќ навел дека во Германија живее со својата сопруга и две ќерки, во 90 квадратен стан.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора