Црна Гора го изгласа законот за истополови животни партнерства

Од:

Црногорските пратеници денеска го изгласаа Законот за животно партнерство на лица од ист пол, кој помина со тесно мнозинство и поддршка од 42-ца пратеници, јавија локалните медиуми.

Активистите усвојувањето на законот, кој ќе почне да се применува по една година од датумот на донесување, го оценија како историски чекор во борбата за човековите права на ЛГБТ лицата во Црна Гора.

„Лично, драго ми е што ќе можеме да оствариме некои законски права кои одамна им се достапни на стрејт луѓето,“ изјави Кристина Ќетковиќ, авторката на првиот лезбејски роман во Црна Гора, за Би-Би-Си, и додаде дека самиот предлог-закон за неа бил „голем чекор“.

Од црногорската влада велат дека ЛГБТ популацијата ќе ги добие истите права кои ги имаат хетеросексуалните парови, меѓу кои и правата на социјална и здравствена заштита.

„Овој закон се однесува пред се на заедничкиот живот на личности од ист пол и на сите права и обврски кои од тоа произлегуваат,“ рече претставничката на Министерството за човекови права и права на заедниците, Бланка Радошевиќ-Маровиќ.

Сепак, со предлогот на владата е поставена црвена линија и во него не се спомнува можност истополовите бракови да бидат родители, да станат старатели на деца, како и да посвојуваат деца.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора