Црна Гора рекордер по бројот на осуденици

Од:

Ал Џезира Балкан – Сараево

Според последниот извештај на Советот на Европа, Црна Гора е меѓу европските рекордери според бројот на осуденици по глава на жител и го зазема третото место. Таа организација предупредува и на преполнетите црногорски затвори, поради што некои осуденици чекаат ред на издржување на казната, известува од Подгорица Милица Мариновиќ, репортер за Ал Џезира.

На одење во затвор во Црна Гора последните години се чека и по неколку месеци. Тоа го тврдат поранешни осуденици, кои не сакаа да се појават пред камерите, но и нивните адвокати. Причина е пребукираноста на затворите.

– Имав многу чести ситуации кога лица кои од судот добиваат покана и упат за издржување на казна затвор, со доаѓањето во затворот од страна на надлежните службеници добиваат информации дека мора да се врата, бидејќи капацитетот не дозволува да влезат. Тогаш тие лица навистина се наоѓаат во незавидна состојба, како на мраз, ни таму ни ваму, не можат да планираат некоја своја блиска иднина – истакна Здравко Беговиќ, член на Адвокатската комора на Црна Гора.

Трета во Европа

Последниот извештај на Советот на Европа покажува дека во 2013 година во црногорските затвори биле 1.142 лица. Во таа земја на 100.000 жители има 183 затвореници, што е најмногу во регионот. Следат Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, а последна е Словенија со речиси три пати помал број на затвореници. Во Европа Црна Гора го зазема третото место.

– Освен статистиката поврзана за бројот на затворениците во однос на бројот на жителите, Црна Гора третото место го зазема и кога се работи за бројот на чуварите во однос на бројот на затворениците, така во овој затвор зад мене е полицаец што чува осум или девет затвореници – вели Милица Мариновиќ. Сето ова сметаат во Граѓанската алијанса, го отвора прашањето за безбедноста, но и за условите на живот во затворите, на кои често примаат поплаки.

– Во една просторија во Бијело Поље која е многу мала, имаше двајца луѓе и тие бе принудени буквално да вршат нужда еден покрај друг. Тоа секако е понижувачки… Може така да се третира, бидејќи тие две лица немаат соодветна приватност и се изложуваат на повреда на приватноста – вели Милан Радовиќ, активист на Граѓанска алијанса.

Недоволни капацитети

Постоечките два затвора во Спужа до Подгорица и затворот во Бијело Поље имаат 1.350 места. Надлежните велат дека тоа е доволен број. Признаваат дека има гужва, но во деловите предвидени за служење на долгогодишна казна. Случаите на одложувања не им се познати.

– Во Заводот за извршување на кривични санкции нема случаи на одложување на казна, ниту мерки за притвор. Ние не сме надлежни и немаме мандат да одложиме било што… Тоа може само судот да го направи, а секој кој тука ќе се појави со документ за упат, пресуда која сме ја добиле од страна на судот, ќе биде примен и казната над него ќе се изврши – истакна Драгољуб Булатовиќ, претставник на Заводот за извршување на кривични санкции.

Решението на овој проблем државата го гледа со замена на кусите казни со општествено корисна работа, што е озаконето кон крајот на минатата година. Исто така се планира реконструкција на постоечките згради на новиот затвор во Бијело Поље.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски