Црна Гора протерува еден руски дипломат поради „Случајот Скрипал“

Од:

Црна Гора се придружи на поддршката за Обединетото Кралство и еден руски дипломат прогласи за непожелно лице и за тоа ја извести Амбасадата на Руската Федерација Подгорица.

– Владата на Црна Гора донесе одлука да прогласи еден дипломатски претставник акредитиран во Амбасадата на Руската Федерација за „персона нон грата“ и да ја повлече согласноста за дејствувањето на почесниот конзул на Руската Федерација во Црна Гора. За мериките е известена Амбасадата на Руската Федерација во Подгорица со рок од седум дена дипломатскиот претставник да ја напушти земјата, соопшти Владата во Подгорица.

Црна Гора одлуката ја донесе координирано со сојузниците и во согласнот со мерките преземени од земјите членки на Европска унија и на НАТО поради дејствувањето на Русија и нападот со нервен агенс на територијата на Велика Британија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски