Црна Гора повикана во НАТО

Од:

НАТО ја покани Црна Гора да стане 29-та членка на Алијансата.

– Таа историска одлука за почнување преговори за членство со Црна Гора беше едногласно донесена од 28-те министри за надворешни работи на НАТО на средба во Брисел. Политиката на НАТО за отворени врати има за цел ширење на стабилност, безбедност и демократски вредности врз кои се темели Алијансата. Сите стануваме посилни и постабилни со тоа што ја држиме својатаврата отворена, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО отворајќи го состанокот на шефови на дипломатии на држави членки.

Црна Гора по преговорите ќе стане 29-та членка на НАТО.

– И честитаме на Владата и граѓаните на тоа достигнување. Ова е исклучително убав ден за Црна Гора, Западен Балкан и за Алијансата. Црна Гора се покажа на патот да воспостави владеење на правото. Од 2009 година соработуваме со Црна Гора во Акцискиот план за членство, изјави Столтенберг.

– Денес гледаме конкретни резултати на посеветеноста на Црна Гора. Сепак, ова не е крај на тој пат. Претстои важен дел што се однесува на прилагодување на системот за одбрана, реформи на владеењето на павото и јакнење на поддршката на јавното мислење. Тоа се прашања на кои ќе продолжиме да работиме се додека овораме преговори за членство и за време на ратификацијата, изјави Столтенберг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија