Црна Гора: Поголем дел од млекото од Србија е неисправно

Од:

Министерството за земјоделство и рурален развој на Црна Гора соопшти дека лабораториските анализи покажаа дека поголема количина на млеко од Србија е неисправно.

Како што е соопштено од 50 промероци на „Имлек“, 47 биле небезбедни, од 24 на Шабачка млекара, 22 неисправни, додека пет примероци од Нишката биле контаминирани со поголемо количество на афлатоксин.

Сите млека од Србија кои што содржат афлатоксин, посебно се одвојуваат за да се вратат на извезувачот, стои во соопштението на министерството.

Управата за ветеринарство при министерството за земјоделство од Србија се договори за враќање на неисправното млеко и сточната храна.

Министерството за земјоделство од Црна Гора порача дека ќе продолжат со контрола, како на увезеното, така и на домашните произведувачи.

Владата минатиот четврток донесе одлука да се запре производството на млеко во државата, се додека не завршат сите потребни контроли за да се утврди квалитетот на млечните производи.

Црногорските власти претходно донесоа одлука и за повлекување на повеќе видови на млеко од Србија и Босна и Херцеговина, поради зголеменото ниво на афлатоксин.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора