Црна Гора: Не сакаме токсично млеко од Србија

Од:

Црна Гора нема да дозволи увоз на млеко и сточна храна, кои не ги задоволуваат нејзините стандарди, соопшти министерството за земјоделство од Црна Гора, по повод одлуката на Србија да го зголеми дозволеното ниво на афлатоксин во млекото.

Министерот за земјоделство, Петар Ивановиќ истакна дека промената на правилникот во Србија е внатрешно прашање на секоја држава, но нагласи дека во нивната земја нема да влезат производите кои не ги исполнуваат стандардите на Црна Гора.

Дозволената количина на афлатоксин во млекото во Црна Гора е 0,05 микрограми по килограми, додека Србија тој праг на толеранција го зголеми десет пати, на 0,5 микрограми.

Министерот Ивановиќ порача дека ќе го забрани увозот на токсично млеко од која било земја.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора