Црна Гора ќе и врати 500 тони заразено млеко на Србија

Од:

Црна Гора на Србија ќе и врати 500 тони контаминирано млеко, изјави помошникот на директорот на Управата за инспекциски работи, Спасо Поповиќ.

Поповиќ изјавил дека од Србија е увезено 600 тони млеко, а се очекува да бидат вратени помеѓу 400 и 500 тони, бидејќи како што тврдат анализата на центарот за екотоксиколошките испитувања покажале дека има зголемено ниво на афлатоксин.

-Сега треба да се подготват документите, бидејќи постои процедура кога производите ќе се враќаат од нашата држава. Во овој случај е завршена е царинската постапка, а млекото треба да им се врати на извезувачите. Ние веќе пративме допис до ветеринарната управа со образложение што се е потребно за да се врати млекото – истакна тој.

Што се однесува до домашното млеко Попвиќ изјави дека нема да биде уништено, бидејќи немаат неисправни количини.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани