Црна Гора кандидат број еден за членство во НАТО, изјави американскиот сенатор Ричард Лугар

Од:

Црна Гора е кандидат број еден за членство во НАТО, а нејзината лидерска улога во Западен Балкан е позната во светот, изјави американскиот сенатрот Ричард Лугар, кој се сретна со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, јави Танјуг.

Лугар изјави дека Црна Гора веќе постигнала многу за развојот на правниот поредок, како и развојот на добрососедските односи.

Тој исто така истакнал дека земјата успеала да ја зачува стабилноста и мултиетничкото разбирање и станала активен поддржувач на евроатлантските вредности на Балканот и активен градител на регионалната соработка.

Ѓукановиќ од своја страна истакнал дека Владата во Подгорица е посветена на економскиот развој и динамичното остварување на стратешките надворешно-политички цели за членство во НАТО и ЕУ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски