Црна Гора ја поднесе кандидатурата на министерот за надворешни работи за функцијата генерален секретар на ОН

Од:

Црна Гора и официјално ја поднесе кандидатурата на министерот за надворешни работи Игор Лукшиќ  за функцијата генерален секретар на ОН.

Кандидатурата е објавена на сајтот на Генералното собрание на ОН, јави ТАСС.

– Црногорската влада е цврсто убедена дека Лукшиќ располага со сите потребни вештини, квалитети, знаења и искуства, како што е предвидено во Резолуцијата на Генералното собрание на ОН 69/230, за да ја извршува успешно функцијата генерален секретар, се вели во писмото со кандидатурата.

Игор Лукшиќ е министер за надворешни работи и европска интеграција на Црна Гора од 2012 година. Пред тоа, во текот на две години беше премиер на земјата, а во периодот 2004-2010 година беше министер за финансии.

Како премиер, тој инсистираше на реформи, кои и овозможија на Црна Гора да почне преговори за пристапување кон Европската унија, како и да стане член на Светската трговска организација. Течно говори англиски, знае италијански, француски и германски. Оженет и има три деца.

Црногорскиот министер за надворешни работи е досега третиот кандидат за функцијата генерален секретар. До моментов негови ривали се хрватската колешка Весна Пусиќ и поранешниот прв дипломат на Македонија Срѓан Керим.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски