Црна Гора: ДПС на Мило Ѓукановиќ најави привремен бојкот на парламентарните седници

Од:

Црногорската опозициска, Демократската партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ, денеска соопшти дека ќе ги бојкотира парламентарните седници се додека Уставниот суд не се изјасни за легитимноста на седницата, на која синоќа беше усвоен изменетиот Закон за слобода на вероисповед.

Пратеникот од партијата, Никола Ракочевиќ, на прес-конференција рече дека партијата веќе подготвила иницијатива за Уставниот суд, со која ќе се утврди дали била нелегитимна постапката на Парламентот.

– Утврдувањето на кворумот беше надвор од деловникот, рече Ракочевиќ, кој тврди дека било неопходно физичко присуство на пратениците во салата, објави порталот РТЦГ.

Додека судските органи не се огласат, како што е најавено, пратениците на ДПС нема да учествуваат во работата на парламентот.

Парламентот на Црна Гора синоќа усвои измени и дополнувања на Законот за слобода на вероисповед, кој ги укинува сите членови на постоечкиот акт кои се однесуваат на промена на статусот на црковниот имот и задолжителната регистрација на верските заедници.ѝ

За промена на Законот гласаше владејачкото мнозинство, а опозициските партии предводени од Демократската партија на социјалистите (ДПС), не присуствуваа на седницата.

Против тие одредби, Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора повеќе месеци организираше масовни протести.

Со новите решенија, имотот кој им припаѓа на Метрополијата црногорско-приморска и на епархијата на СПЦ во Црна Гора, останува во нивна сопственост. Доколку државата сака тој имот да го евидентира како свој, може да покрене парнична судска постапка.

Пред почетокот на собраниската седница, приврзаници на организациите кои себеси се нарекуваат патриотски, протестираа поради промената на Законот. Нивниот протест го поздравија пратениците од ДПС и останатите опозициски партии.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора