Членови на „Рубикон“ упаднаа во простории на министерот за здравство на Грција

Од:

Членови на анархистичката група „Рубикон“ денеска упаднаа во политичката канцеларија на министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас и фрлија боја и летоци.

– До кукавичките Рубикони кои насилно влетаа во мојата политичка канцеларија и ги заплашија, им се закануваа и ги малтретираа вработените: Не се плашам, напиша Кикиљас на „Твитер“, заблагодарувајќи му на полицаецот што уапсил еден од четворицата кои ја нападнаа неговата канцеларија.

Со реакција излезе и заменик министерот под премиерот и портпарол на Владата на Грција, Стелиос Пецас кој истакна дека „Владата не се заплашува“ и им порача дека „работите се сменети, насилството нема да се толерира, а беззаконието ќе се елиминира“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски