Четврта жртва на масакрот во БиХ: Почина полицаец кој беше тешко повреден

Од:

Три лица се ранети во денешниот крвав пир што се случи во Градачац кога Нермин Сулејмановиќ ја уби сопругата и уште две лица. Еден од ранетите во болница им подлегна на повредите. Полицаецот Хусеин Коториќ загина откако беше ранет во крвавиот пир на бодибилдерот Нермин Сулејамовиќ.

Како што е потврдено за порталот „Аваза“ од Универзитетската болница во Тузла, една жена е хоспитализирана на клиниката за анестезиологија и ревматологија поради прострелна рана во градниот кош.

„Второто лице е на ортопедија, а се работи за маж Н.П., поради повреди на долните екстремитети. Третото лице е примено на клиниката за анестезиологија и ревматологија, но по реанимација, за жал, констатирана е смрт“, изјави за порталот „Аваза“ Ерсија Ашчериќ, портпарол на Универзитетската болница во Тузла.

Би можело да ве интересира

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

ВИДЕО: Силен земјотрес од 4,9 степени ја погоди Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски

Земјотреси во Хрватска и во Босна

Апсења за тероризам во Сараево

Ужас во Босна: 14-годишник заклал шест кучиња

ВИДЕО: Син на пратеник уапсен за убиството на полициски инспектор во БиХ

Катерина Ѓуровски