Чавушоглу: Турски војници ќе останат на Кипар

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави денеска дека турски војници ќе останат на Кипар под кој било договор за повторно обединување на етнички поделениот остров.

Чавушоглу нагласи дека Турција нема да прифати мировен договор со кој би се барало целосно повлекување на турската армија од Кипар, што е клучно барање на Грција и меѓународно признатиот дел на Кипар, каде живеат Грци.

Тој истакна дека „оние кои сонуваат дека турската армија треба да замине од Кипар, би требало да се разбудат“.

Шефот на турската дипломатија нагласи дека укинувањето на правото за воена интервенција на Кипар не е почетна точка за Турција.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски