Чавушоглу: Турција го поддржува Косово, но е загрижена поради присуството на ФЕТО

Од:

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу изјави дека неговата држава целосно го поддржува Косово на неговиот евротлантски пат, но нагласи и дека има една голема пречка за натмошниот развој на односите меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Приштина.

На прес-конференција што во Приштина ја одржа заедно со шефицата на косовската дипломатија, Доника Грвала, Чавушоглу рече дека треба да се продолжи со јакнењето на соработката меѓу двете земји, меѓутоа ирази загриженост поради присуството на организацијата ФЕТО во Косово.

– Го поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитетот на Косово како и натамошниот развој на Косово и неговата интеграција во меѓународните организации. Го поддржуваме зачленувањето на Косово во инстанци како евроатлантските организации… Меѓутоа, морам да нагласам дека постоењето на ФЕТО во Косово е најголемата пречка во нашите односи. Постоењето на ФЕТО во Косово ги труе нашите односи, рече Чавушоглу.

Според шефот на турската дипломатија, ФЕТО ја спроведува во Косово „истата стратегија како и во Турција“.

– Го следиме тоа. Од една страна се обидуват да ги затрујат младите и инвестираат во медиуми, додека од друга страна бараат начини да се инфилтрираат во државните институции. Тоа е вознемирувачки за нас. Немојте да ги земате предвид зборовите на други земји кои ви велат да ги поддржувате, рече Чавушоглу.

Тој најави инвестиции во Косово во областа на енергетиката, од кои, како што рече, земјата во иднина ќе може да извезува струја.

– Нашите компании се спремни да инвестираат и не бараат гаранции за купување. Финансирањето ќе го извршиме сами и за една година ќе го завршиме, рече Чавушоглу.

Шефот на турската дипломатија вчера попладне допатува во Косово од Босна и Херцеговина. По средбата со Грвала и со други министри во косовската влада, Чавушоглу денеска ќе биде примен и од претседателката на државата, Вјоса Османи и од премиерот Албин Курти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица