Церар: Словенија ќе ја спроведува арбитражната пресуда за границата со Хрватска

Од:

Словенија ќе започне со примена на арбитражната пресуда за границата во Пиранскиот Залив и покрај тоа што Хрватска одбива да ја прифати донесената одлука, најави денес словенечкиот премиер Миро Церар.

Тој посочи дека не очекува инциденти доколку е почитувана граничната линија определена со арбитражниот договор.

– Спроведувањето на арбитражната пресуда е меѓународна обврска на Словенија и Хрватска, тоа не е нешто за што можеме да одлучуваме туку мораме да ја спроведеме, нагласи словенечкиот премиер.

Тој посочи дека ја известил хрватската Влада дека Љубљана е подготвена за спроведување на арбитражната одлука, како и дека се подготвени сите потребни акти за таа постапка да може да почне на 29 декември.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик