Церар: Словенија ја поддржува територијалната целост и независност на Украина

Од:

Словенија ја поддржува територијалната целост и независност на Украина, изјави премиерот на Република Словенија, Миро Церар, на заедничката прес конференција со премиерот на Руската федерација, Дмитриј Медведев, пренесе ТАСС.

– Со премиерот го засегнавме и  украинското прашање. Својот руски колега го запознав со словенечката позиција, за тоа дека Словенија е за територијалната целост и независност на Украина и, исто така, и дека се залага за почитување на спогодбите од Минск, рече Церар.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев, исто така, на прес конференцијата изјави дека Русија е за територијалната целост на  Украина, меѓутоа ако се земат предвид и решенијата за Крим од минатата година.

– Руската федерација, исто така, се залага за територијалната целост на Украина, но, природно, со почитување на оние решенија, кои беа усвоени минатата година за Крим. Ние сме подготвени да ги продолжиме консултациите за ова прашање, но сметам дека  во секој случај тоа е корисно, изјави Медведев.

Рускиот премиер посочи дека за време на разговорите уште било покренато прашањето за борбата со радикалните  терористички групи, вклучувајќи ја и Исламска држава. Разгледана била и ситуацијата на Балканот.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје