Цело раководство на хрватското Министерство за образование во самоизолација

Од:

На сите функционери од хрватското Министерство за наука и образование, предводени од министерката Блаженка Дивјак, денеска епидемиолозите им наложија да се изолираат и да се тестираат за коронавирус, откако беше откриено дека државниот секретар од Министерството е позитивен на вирусот.

Во соопштението од Министерството се вели дека министерката Дивјак ја добила оваа инструкција во консултација со епидемиолозите, како и со сите функционери на Министерството, откако се утврди дека државната секретарка Ивана Франшиќ е позитивна.

Хрватските медиуми објавија дека Франшиќ била на свадба во Задар, по што не била тестирана, а по враќањето во Загреб, учествувала на колегиум во Министерството и на други состаноци.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари