Бугарските цариници заплениле над 100 килограми хероин на границата со Турција

Од:

Над 100 килограми хероин се откриени при контрола на автомобил на бугарскиот граничен премин „Капитан Андреево“ со Турција, соопшти прес-центарот на Царинската агенција.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова се случило пред два дена, кога на бугарско-турската граница пристигнал автомобил со француска регистрација, кој од Турција преку Бугарија доаѓал до Франција.

Во автомобилот што го управувал францускиот државјанин патувале неговата сопруга и нивните две малолетни деца, како и нивните миленици – две кучиња.

Според методот на „анализа на ризик“, автомобилот е утврден на темелен царински преглед. Вкупно 209 пакувања, завиткани во фолија и во кои има прашкаста материја беж, се пронајдени на специјално изградени скривалишта, во подот на автомобилот, достапни по демонтирање на седиштата, како и на местото на резервната гума. Вкупната количина на запленетата дрога е 104.940 килограми, вредна 4.900.000 евра.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Албански државјанин кој шверцувал хероин e уапсен на хрватската граница

Приведена велешанка поради поседување хероин

А1он

Претрес во Скопје, пронајдена дрога

Хероин кој го криеле во хефталка e пронајден кај патници кои патувале од Македонија кон Германија

А1он

Скопски дилери завршија зад решетки во Кочани

Запленети 70 килограми хероин и упасени десет лица во Косово