Хероин кој го криеле во хефталка e пронајден кај патници кои патувале од Македонија кон Германија

Од:

На излез од граничниот премин Хоргош, царинските службеници спречија обид за шверц на наркотици, кои биле скриени во навидум обична хефталка, соопшти Царинската управа на Србија.

Дрогата била откриена во патничко комбе со странски регистарски таблички, во кое седум патници патувале од Северна Македонија кон Германија.

Патниците им рекле на цариниците дека немаат што да пријават бидејќи со себе носат само лични предмети, но при детален преглед цариниците во една од торбите пронашле користена хефталка во која пронашле пакување прашкаста материја слична на хероин.

При понатамошен преглед, во резервната кошула на еден од двајцата возачи било пронајдено шише наполнето со густа течност, за кое постои сомневање дека е течен метадон.

Би можело да ве интересира

Бугарските цариници заплениле над 100 килограми хероин на границата со Турција

А1он

Скопски дилери завршија зад решетки во Кочани

Запленети 70 килограми хероин и упасени десет лица во Косово

Осомничен дилер на хероин во Гостивар

А1он

Пронајдени хероин и марихуана во Битола, приведен дилер

А1он

Затвореник дилал хероин во штипскиот затвор

А1он