Над 100 пакувања кокаин и хероин пронајдени кај скопјанец

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

-На 16 декември полициски службеници на улицата „Архимедова“ во Скопје запреле за преглед автомобил во кој се превезувал осомничениот, па во тој момент кај него нашле над 100 различни полиетиленски пакувања наркотична дрога кокаин со вкупна количина од 161,29 грама, како и уште 25 пакувања хероин со вкупна количина од 44,01 грама. Му била запленета и дигитална вага со остатоци од кокаин и хероин, пет мобилни телефони и парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога, стои во соопштението од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Би можело да ве интересира

Четворица крадци пустошеле низ Боговиње: однеле пари, злато и оржје, штетата е 250 илјади евра

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Поднесено обвинение и продолжен притворот на осомничениот за опожарувањето возила пред Амбасадата на Бугарија

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен

Обвинителството бара привор за кумановецот кој му се закануваше на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Во Милано е уапсен Албанец со 70 килограми кокаин