Албански државјанин кој шверцувал хероин e уапсен на хрватската граница

Од:

По истрагата, УСКОК пред Жупанискиот суд во Осиек поднесе обвинителен акт против 21-годишен албански државјанин за шверц на 9,9 килограми хероин.

Обвинителството извести дека албански државјанин е обвинет за неовластено производство и тргување со дрога како дел од злосторничко здружување.

Во обвинението на 21-годишникот се товари дека од почетокот на 2023 година до 20 февруари истата година се здружил со непознати лица од Албанија и Словенија за набавка, транспортирање и препродавање на големи количини хероин на однапред договорени купувачи на нелегалниот пазар на земјите-членки на ЕУ.

Според обвинението, обвинетиот албански државјанин и непознати членови на групата набавиле 9,9 килограми хероин и специјално модифицирано возило, по што дрогата спакувана во 21 пакување ја сокриле во специјално модифициран резервоар на патнички автомобил.

Потоа, пријавениот по договорената рута се упатил кон Словенија, но бил запрен на граничниот премин во Батина, каде при претрес биле пронајдени 9,9 килограми хероин.

Во обвинението против 21-годишниот УСКОК предложил продолжување на притворот.

Би можело да ве интересира

Ава Карабатиќ собра повеќе од 26.000 потписи: „Изберете ја Ава за вистинската држава“

Објавена е нова анкета за претседателските избори во Хрватска

Предраг Петровиќ

Владата на Пленковиќ го преживеа гласањето за доверба

Хакери ја нападнале фирмата „Пристаниште Риека“, украле голем број доверливи информации

„Ал Раја“: Златко Далиќ постигнал договор со репрезентацијата на Катар

Ава Карабатиќ ја претстави изборната програма: „Полиграф за политичарите“

Предраг Петровиќ