Бугарката Екатерина Трендафилова именувана за Претседател на Специјалниот суд на Косово

Од:

Судијката Екатерина Трендафилова од Бугарија е именувана за Претседател на Специјалниот суд на Косово.

– На 14-ти декември 2016 година, Екатерина Трендафилова именувана е за Претседател на Специјалниот суд на Косово. По препорака на надлежен орган, шефот на Мисијата на Еулекс, Александра Пападопоулоу ја именува Трендафилова за прв човек на судот, стои во соопштението од канцеларијата на Специјалниот суд и специјалното обвинителство на Косово.

Во изјавата таа наведува дека и е чест што и е доверена оваа функција.

– Во овој многу значаен миг, на почетокот на работа на Специјалнот суд, привлегија е да се извршува функцината прв човек на оваа инстиуција, иако сум свесна дека таа носи многу голема одговорност. Одлучна сум оваа обврска да ја извршувам независно, со висок степен на совесност, одлучност и полна одговорност, изјви Трендафилова.

Таа е родена во 1953 година, и е познат судија од Бугарија, со огромно искуство во сферата на меѓународното кривично право како и во областа на човековите права. Од март 2006 до март 2015 година била судија во Меѓународниот кривичен суд, а претходно извршувала високи функции во правосудните органи во Бугарија.

Трендафилова е именувана за период од четири години а на функцијата стапува во јануари 2017 година.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни