Бугарија станува прва регионална платформа на ЕУ за набавка на гас

Од:

По одлуката на Газпром да прекине со достава на гас во Бугарија, официјална Софија и Брисел денес постигнаа договор да се отвори првата регионална платформа на ЕУ за набавка на гас во Бугарија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова попладнево го соопшти Европската Комисија по посетата на заменик премиерот на Бугарија, Асен Василев, на Брисел.

Во Софија ќе се етаблира првата регионална платформа во рамките на сеопфатната платформа на ЕУ за набавка на гас.

Иницијативата ќе се фокусира на потребите и цените на гас и струја како и инфраструктурата.

Целта е во текот на следнава година да се намали зависноста од руските енергенси и да се направат залихи за идната зима. Софиската платформа ќе ги координира плановите во регионот, меѓународните набавки, залихи и поврзаност и со тоа ќе допринесува за енергетската безбедност на регионот.

Првиот министерски состанок на регионално ниво со соседните држави ќе се одржи на 5 мај.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина