Бугарија соопшти дека не учествува во коалицијата против ИД

Од:

Бугарија во моментов не учествува во коалицијата против групацијата Исламска држава, предводена од САД и тоа прашање во моментот не е тема на дискусија во Владата, изјави бугарскиот министер за одбрана Велизар Шаламанов, нагласувајќи дека можностите за вклучување на земјата во операциите се ограничени.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Бугарија е под закана од ИД и дали бугарски војници треба да учествуваат во нападите врз групата, Шаламанов рече дека Военото воздухопловство на Бугарија „не може да учествуваат во заедничките операции со таков интензитет поради својата опрема“.

Тој додаде дека Бугарија ќе се обиде да помогне во хуманитарната сфера, како и заедно со сојузниците од Европската унија и НАТО да донира лесно вооружување и муниција.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори