Бугарија нема да ја финансира својата делница од “Јужен тек”

Од:

– Бугарија нема да ја финансира изградбата на рускиот дел од гасоводот “Јужен тек” на своја територија, но тоа ќе го стори руската страна и банките, а во замена ќе се откаже од наплатата на транзитната такса до 2030 година.

Ова ќе биде дел од завршниот бугарско-руски договор за “Јужниот тек”, чие потпишувањето беше најавено за средината на ноември, објави денеска Интернет страницата Novinite.com.

Првично, беше предвидено 70 проценти од Бугарската делница да го финансираат банките, а 30 проценти (околу 900 милиони лева) учесниците на проектот – “Бугарски енергетски холдинг” (БЕХ) и рускиот “Газпром”. Сега, како што изгледа, во проектот на територијата на Бугарија ќе инвестира само “Газпром”, во замена за ослободување на идните плаќања за транзит до 2030 година.

БЕХ не е во можност да го финансира “Јужен тек” поради тешката финансиска состојба на нејзината подружница “Булгаргаз” и “национална електрокомпанија”(НЕК).

Коментирајќи ги медиумските извештаи дека учеството на Бугарија во финансирањето на “Јужен тек” ќе биде симболично, министерот за економија и енергетика Делијан Добрев изјави дека бугарски БЕХ досега потрошил само шест милиони евра за својот удел во капиталот од 12 милиони евра во заедничката компанија со “Газпром”, кој ќе го изгради и управува со гасоводот на бугарска територија.

Се предвидува гасоводот “Јужен тек” да транспортира до 63 милијарди кубни метри руски гас за централна и јужна Европа, заобиколувајќи ги транзитните земји како што е Украина.

Оператор на делот на дното на Црното Море, е компанијата “Saut strim transport”, регистриран 2007. Нејзините акционери се “Gasprom” со (50 отсто од акциите), италијанската компанија “Eni” (20 проценти) и францускиот “EdF” и Германската “Vinteršal” (со 15 проценти).

Изградбата на “Јужен тек” ќе започне во декември 2012 година а почетокот на испораката е закажан за декември 2015. Вредноста на проектот се проценува на 15,5 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада