Бројот на заразени од коронавирус во Црна Гора постојано расте

Од:

Институтот за јавно здравје на Црна Гора во последните 24 часа изврши анализа на 439 примероци на Ковид-19, а 47 од нив 47 се позитивни.

Според податоците, најголем број на заразени има во Рожаје – 18, во Беране 12 и во главниот град Подгорица осум, додека во останатите градови е евидентиран минимален број на заразени (Бар и Никшиќ по 3, Бијело Поље 2 и Котор 1).

„Од 47 новооткриени, 37 се контакти од претходно потврдени случаи додека кај девет заразени се трага по изворот на инфекцијата“, стои во соопштението на Институтот.

Во земјата почина едно лице од местото Петњица како директна последица од вирусот.

„Вкупниот број на смртни случаи во јуни е три, а од почетокот на заразата изнесува 12. Вкупниот број на регистрирани случаи од средината на месец јуни е 224, има три смртни случаи и бројот на активни случаи е 221.“, посочуваат од ИЈЗ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора