Бројот на баратели на азил во Австрија постојано расте, се повеќе азиланти од Косово

Од:

Бројот на азиланти во Австрија континуирано расте и во однос на минатата година бројот на поднесени барања за азил е зголемен за дури 125,8 отсто, додека значително е зголемен бројот на азиланти од Косово.

Според податоците на министерството за внатрешни работи на Австрија во ноември 3.507 лица поднеле барање за добивање азил. Истиот месец минатата година тоа го сториле 1.553 луѓе, пренесува Танјуг.

Вкупно до крајот на ноември годинава 22.881 лица поднеле барање  за азил во Австрија, што во споредба со вкупниот број поднесени барања минатата година претставува раст од 43,1 отсто.

Септември и октомври се први месеци во кои бројот на поднесени барања за азил во Австрија ја надминува бројката од 2.000, односно 2.496 во септември и 2.422 во октомври, а во ноември дури над 3.000 барања.

На прво место по бројот на барања се лица од Сирија, од кои само во ноември поднеле барање 1.263 лица, а во текот на целата година 6.987 лица. На второ место е Авганистан со 4.045 барања и Русија со 1.523. На четврто место се граѓаните на Косово со 1.046 барања за азил.

Минатиот месец забележан е значителен раст на баратели на азил од Косово, достигнувајќи 319 барања, во однос на 181 во септември и 195 во октомври.

Меѓу првите 15 земји на потекло на азилантите Србија се наоѓа на 15 место со 283 барања во 2014 година.

Министерството за внатрешни работи на Австрија се справува со сериозен проблем за сместување на бегалците, чиј број постојано расте. Моментално се искористени сите капацитети низ Австрија.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија