Бродови со сириски бегалци ќе пристигнат во Солун и во Кавала

Од:

Бродовите со сириски бегалци од островите во Егејско Море ќе впловат во пристаништата во Солун и во Кавала, а не како што првично беше планирано да пристигнат во Пиреја, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Бродот „Елефтерос Венизелос“ со 1.700 идентификувани бегалци од Сирија утрово тргна од пристаништето на островот Кос и плови кон Солун.

Од островот Лезбос, каде се регистрирани 8.500 бегалци отпатувале 1.500 луѓе и се очекува да пристигнат во Кавала.

Во меѓувреме грчката Влада одобри да биде формирана нова служба за управување со европските програми за мигрантите. Службата ќе биде финансирана со 2,7 милиони евра од Европската комисија и 30 милиони евра од вкупно 470 милиони евра доделени за реализација на грчкиот план за справување со миграцијата до 2020 година.

Грчките медиуми објавија дека минатата недела над 20.000 луѓе илегално влегле во Грција.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески