Британскиот Дом на лордови: На Западен Балкан зајакнуваат авторитарни лидери и националистички политики

Од:

Во земјите од Западен Балкан зајакнуваат авторитарни лидери и националистички политики, оцени горниот дом на британскиот Парламент. Домот на лордовите изразува длабока загриженост дека западнобалканските земји тонат кон авторитаризам и дека стабилноста на регионот е поткопана од странски земји, како Русија.

Тие во документот насловен „Обединетото Кралство и иднината на Западниот Балкан“ изразуваат сериозна загриженсот дека постои опасност од губење на придобивките постагните во доброто владеење и градењето на правната држава. Според документот земјите се соочуваат со авторитарни раководства, националистички политики и заробени држави.

– Тоа влошување е видливо и во загриженоста на меѓународната заедница поради овие тенденции, како и од ендемскиот организиран криминал и корупцијата во регионот. Стабилноста на регионот, исто така, е поткопана и од влијанието на трети земји, се додава во извештајот.

Приближувањето на балканските земји кон ЕУ е значајно во остварувањето напредок во борбата против корупцијата, зајакнување на владеење на правото и слободата на говор, како и за спроведување на останатите реформи.

– Иако надвор од ЕУ, Велика Британија ќе остане клучен пријател на земјите од регионот. (Британската) Влада треба јасно да каже кога земјите во регионот не ги исполнуваат бараните вредности и стандарди и да го искористи своето влијание за да бидат согледани недостатоците, се нагласува во Извештајот.

Би можело да ве интересира

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Анкета на ИРИ: 43 отсто од Србите, 27 отсто од Македонците и 25 отсто од Црногорците го обвинуваат Западот за војната меѓу Русија и Украина.

Предраг Петровиќ

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он