Британски и германски претставници за Западен Балкан: Состојбата во Босна и Херцеговина најсериозна од 1995 година

Од:

Специјалните претставници на владите на Германија и Велика Британија за Западен Балкан, Мануел Саразин и сер Стјуарт Пич, предупредија како моменталната состојба во Босна и Херцеговина претставува најсериозна криза во земјата од 1995 година, затоа што реформите не се спроведуваат, а плановите за нејзина поделба се сè поизразени.

dobivaj vesti na viber

Во авторски тест напишан по повод 30 август, одбележуван како меѓународен ден на исчезнати лица, Саразин и Пич истакнуваат како политичари во Република Српска отворено спроведуваат политика за отцепување, додека други се закануваат со „територијална реорганизација“, со тоа, по нивно мислење, се загрозува територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина како држава.

Политичките елити во Босна и Херцеговина беа прекорени дека спречуваат реформи на сите нивоа и со тоа им ја ускратуваат европската иднина на граѓаните.

Како посебно алармантен го оценија фактот што поделбите по етничка основа се задлабочуваат, наместо да се надминат.

„Политичките и безбедносни темели на мирот во Босна и Херцеговина мора да се сочуваат. Канцеларијата на високиот претставник продолжува да има важна улога во тој поглед, како и операцијата на ЕУФОР, Алтеа, и НАТО“, наведуваат.

Се истакнува како денеска повеќе од кога било, на одбележување на денот на исчезнати лица, не смеат да бидат заборавени трагедиите и стравовите што луѓето ги претрпеа низ Балканот во 90-те години од минатиот век, кога Европа сведочеше на првиот вооружен конфликт од Втората светска војна, а геноцидот и воените злосторства оставија длабоки лузни во целиот регион.

Иако светот по геноцидот во Сребреница во 1995 година се изјасни за никогаш повеќе слични трагедии, тие сметаат оти денес се повторува во Украина.

„Руската, со ништо предизвикана, варварска инвазија врз Украина ги треси самите темели на нашите општества – територијалниот интегритет, суверенитетот, демократијата и владеењето на правото. Немилосрдната агресија на Путин ѝ се заканува на безбедноста на сите нас. Гледаме оти Русија се обидува да изведе нестабилност во Европа. Во тој поглед, клучено е Западен Балкан да ја засили својата отпорност за да напредува на европскиот пат“, подвлекуваат, нудејќи помош за зачувување на мирот и стабилноста на Западен Балкан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАТО: Никогаш нема да ја признаеме руската илегална анексија

Горан Наумовски

НАТО изрази одлучност за испраќање поголема поддршка за Украина

Блинкен: НАТО е посилен и пообединет отколку било кога во последните 30 години

А1он

НАТО: Ги тренираме Украинците од 2014, затоа толку успешно се бранат од Русите

А1он

Столтенберг: Ако Путин победи во војната, „другите авторитарни лидери ќе бидат охрабрени“ да употребат сила

А1он

Падна Един Тито Гачанин – мистериозниот босански нарко бос е уапсен во големата акција во Дубаи

Катерина Павлова-Николовска