Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц денеска во Хаг го информира српскиот министер за правда Никола Селаковиќ дека Обвинителството ќе направи се што е во негова моќ за повторно разгледување на случаите Готовина и Маркач, јави Танјуг.
– За време на состанокот со Брамерц добивме уверување дека Обвинителството ќе се обиде, во рамките на своите можности и надлежности, да обезбеди услови да биде извршено повторно разгледување на случаите, изјави Селаковиќ по едночасовниот состанок со Брамерц во Хашкиот трубунал.
Селаковиќ нагласи дека го запознал Брамерц со општото незадоволство во Србија, не само поради ослободителните пресуди за хрватските генерали, туку и за други случаи, како што е случајот со Рамуш Харадинај.