Главниот хашки обвинител Среж Брамерц изјави дека доказите сместени во 1.300 страници биле доволни за едногласно да се осудат хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач, но дека мора да се прифати и фактот дека тројца од петте судии тоа го виделе поинаку.
-Немаше да ме изненади доколку доказиите што беа изведени во текот на двегодишниот процес и без собрани на 1.300 страници од првостепената пресуда, беа доволни едногласно да се потврди првостепената осудувачка пресуда. Меѓутоа, мораме да прифатиме дека тројца од петте судии тоа го видоа поинаку, рече Брамерц во интервју за утрешни „Новости“.
Тој наведе дека ги разбира емотивните реакции во Србија, „особено бидејќи нема сомнение дека злосторствата се сторени во текот на настаните на кои пресудата се однесува. Во текот на целата жалбена постапка во предметот Готовина, на Жалбениот совет му објаснувавме зошто сметаме дека има доволно докази за потврдување на едногласната првостепена пресуда на Судскиот совет. Фактот дека жалбената пресуда ја донесе минимален број судии што е потребен за мнозинство, како и дека таа беше проследена од силно издвоено мислење, веројатно придонесе за негативната перцепција кај многумина во Србија“, рече Брамерц.
-Не можам да кажам дека меѓународната правда покажа слабости. Повеќето судии донесоа пресуда во која се обидоа да ги применат правилата и постапките кои ги уредуваат жалбените процеси пред Меѓунардониот суд. Меѓутоа, реакцијата на јавноста покажа дека постои јаз меѓу постапката на одлучување и пресудата од една страна и начинот на кои ги разбираат заедницата и жртвите, и надворешниот фактор од друга страна, истакна тој.
На прашањето зошто тогаш се огласи со реакција, иако вообичаено не ги коментира пресудите, главниот обвинител на Трибуналот изјави дека прво сакал да ги уважи страдањата на жртвите.
-Реалноста е таква дека злосторствата се навистина сторени и во очите на жртвите и нивните семејства правдата не е задоволена. Потоа, околностите околу пресудата, особено остриот тон и соддржина на двете издвоени мислења, се необични. Конечно, сакав да ги поттикнам домашните правосудни органи да ја продолжат истрагата и гонењето на злосторствата сторени пред и по акцијата „Бура“, како и да ја изразам својата подготвеност да им помогнеме, со тоа што ќе им отстапиме информации од нашите бази на податоци, рече Брамерц.
Според него, обвинителството може да покрене постапка за преиспитување во рок од една година од конечната пресуда, но барањето ќе биде одобрено само доколку имаме докази за нови факти со кои странките не биле запознати во текот на постапката, а кои сме се потрудиле да ги пронајдеме и кое значително ќе влијаат на пресудата.
Тој напомена дека Србија не е странка во постапката и дека нема правни можности по прашањето на пресудата.