Борисов во ЕП: Бугарија и Македонија се пример за решавање на проблемите

Од:

Бугарија и Македонија илустрираа вистински пример за тоа како можат да се решат проблемите, користејќи тактика и добра волја, изјави премиерот на Бугарија, Бојко Борисов пред Европскиот парламент, каде детално се осврна на четирите приоритети за време на бугарското претседателство со Советот на Европската Унија.

Говорејќи за интеграциите во регионот, Борисов потенцираше дека ЕУ треба да им даде до знаење на Земјите од Западен Балкан кога ќе бидат прифатени во Унијата и рече дека Македонија и Бугарија се вистински пример за решавање на проблемите, откако двете земји се согласија на потпишување на Договорот за добрососедство.

„Договорот, кој со години беше одолговлекуван, неодамна беше потпишан и ратификуван од македонскиот Парламент, се надевам дека следната недела тоа ќе го направи и бугарскиот“, рече Борисов.

Бугарскиот премиер изрази и надеж дека македонско-грчкиот спор наскоро ќе биде решен и дека Македонија во брзо време ќе стане членка на НАТО и на ЕУ.

Борисов додаде дека цврсто се залага за инвестирање во инфраструктурата на Балканот, така што младите во регионот ќе имаат иднина, а предупреди дека доколку Унијата не го насочи интересот кон Балканот, тоа ќе го направат Русија, Турција и Кина.

„Сега е време да му се даде перспектива на Балканот. Стабилноста на Балканот е директно поврзана со стабилноста на Европа“, рече Борисов.

Освен иднината на Западен Балкан, како еден од приоритетите, Борисов пред Европскиот парламент претстави уште три точки кон кои ќе се осврне Бугарија за време на преседавањето. Рече дека неговата земја ќе се заложи за младите луѓе во Европа, за безбедна и стабилна Европа и развој на дигиталните вештини во Унијата.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија