Борисов: Потребна е силна надворешна политика на ЕУ

Од:

Бугарија е во деликатна ситуација, бидејќи за две недели го презема претседателството со Советот на Европската Унија и треба да балансира меѓу сите позиции, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Тој кажа дека е неопходно ЕУ силно да се вмеша во геостратешката политика и дека е потребна силна и брза надворешна политика.

– Ова е најбогато, најдобро место за живеење, со огромен БДП. Второ, границите на ЕУ да се чуваат како порано. Секој кој сака да влезе во Европа, да влезе на два начина – оние кои бегаат од војните, додека се спасат, должни сме, бидејќи сме најхумани, а и виновни како целина, да бидат згрижени нормално, затоа што секое човечко суштество заслужува нормален начин на живот. Економските мигранти ќе бидат запрени и ќе одат таму каде што ќе бидат барани, додаде Борисов.

Според него потребно е зајакнување на дипломатскиот пристап, наместо испраќање војски надвор.

– Зборувам за дипломатија, со армиите се гледа што се случува – испратија и Американците, и Турците и Русите – ги убија луѓето таму, ги уништија државите, милионите мигранти и милијарди евра, кои ги плаќаме, се во Европа. Должни ли сме, затоа што водат војни, Бугарија да прифати десетици илјади мигранти, праша Борисов.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни