Борел: ЕУ е најблизок партнер на Западен Балкан

Од:

Западен Балкан е во срцето на Европа, а неговата иднина е во Европска Унија, поради што ангажирањето на ЕУ беше и е толку силно, изјави шефот на дипломатијата на Унијата, Жозеп Борел.

Тој на Самитот на лидерите на Западен Балкан и ЕУ во рамките на Берлински процес истакна дека од заеднички интересе интеграцијата на Западен Балкан, подобрувањето на просперитетот, правдата и безбедноста во регионот.

Се соочуваме со заеднички предизвици и заедно работиме на решенија, нагласи Борел.

Тој како пример за „најблиска партнерска соработка“ помеѓу ЕУ и Западен Балкан, ја наведе поддршката од Унијатаза време на пандемијата со Ковид-19, која не е само во медицински материјали туку и во Економско-инвестицискиот план за заздравување.

На Самитот во рамките на Берлинскиот процес лидерите ќе потпишат акционен план за создавање на заеднички регионален пазар. Борел посочи дека регионалниот пазар на Балканот „ќе го отклучи“ економскиот потенцијал на регионот и ќе придонесе Западен Балкан да стане способен за придружување кон ЕУ.

– Во сето тоа не смееме да заборавиме дека заздравувањето мора да биде одржливо и социјално праведно. А, тоа значи стремеж кон зелено економско опоравување и дигитална трансформација на економијата и општеството, потенцира Борел.

Би можело да ве интересира

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ

Анкета на ИРИ: 43 отсто од Србите, 27 отсто од Македонците и 25 отсто од Црногорците го обвинуваат Западот за војната меѓу Русија и Украина.

Предраг Петровиќ