Бојко Борисов во изолација откако бил во контакт со заразен заменик-министер

Од:

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска соопшти дека е во самоизолација затоа што бил во контакт со заменик-министерот за градежништво Николај Нанков, кој е позитивен на коронавирусот.

Борисов се тестираше денеска пред да се сретне со Кит Крач, член на американскиот Стејт департмент за економски развој, енергија и развој.

Тој преходно бил информиран дека Нанков се заразил, поради што ќе остане дома додека здравствените работници не проценат дека може да го напушти карантинот.

„Чекам инструкции од здравствените работници и до тогаш ќе бидам во самоизолација. Последниот контакт со Нанков го имав во понеделникот”, напиша Борисов на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит