„Блиц“: Благајник на Српската православна црква украл еден милион евра

Од:

Благајник во Белградско-карловачката архиепископија осомничен е дека проневерил црковни пари. Архиепископијата истакнува дека осомничениот не е свештено лице, објави „Блиц“.

Кривичното дело е откриено со вондреден попис на благајната и пријавено е до надлежните државни опргани.

„Блиц“ наведува дека благајникот е уапсен под сомнение дека украл приближно еден милион евра односно од касата на архиепископијата украдени се 19,5 милиони динари, 40.000 швајцарски франци, 50.000 американски долари и 890.000 евра.

blic

Весникот повикувајќи се на неименувани црковни извори наведува дека благајникот повеќе години работел во Патријаршијата. Постои сомневање дека не бил сам, па под истрага ќе бидат и другите благајници од Белградско-карловачката архиепископија.

„Блиц“ посочува дека патријархот Иринеј лично се заложил за дискреција на полициската акција.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија