Билчик и Фајон: Србија да се усогласи со политиката на ЕУ и да воведе санкции кон Русија

Од:

Европратениците Владимир Билчик и Тања Фајон изјавија дека очекуваат Србија целосно да се усогласи со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ), која вклучува воведување санкции против режимот на рускиот претседател Владимир Путин поради неговата агресија врз Украина, јави дописникот на МИА од Белград.

Билчик, известувач на ЕП за Србија, и Фајон, шеф на делегацијата на ЕП за односи со Србија, во заедничка изјава рекоа дека „тоа го гледаат како важен и итен сигнал дека Србија ги поддржува принципите и вредностите на ЕУ и е посветена да работи со европските партнери за мир“.

– Единството на меѓународната заедница во спротивставувањето на агресијата на Путин врз Украина е од суштинско значење за секој обид на Кремљ да го консолидира мирот и да избегне ширење на војната. Очекуваме Србија целосно да се усогласи со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и со усвоените санкции против режимот во Русија, посочија Билчик и Фајон.

Во изјавата по вчерашното усвојување на резолуцијата на ЕП за руската агресија врз Украина, Билчик и Фајон изјавија дека меѓународната ситуација „драматично се променила од минатата недела“ и дека „нема простор за попуштање пред агресорот“.

На веб-страницата на Европскиот парламент, заедно со изјавата на Билчик и Фајон, се посочува дека Владата на Србија во неделата усвоила заклучокот на Советот за национална безбедност од 25 февруари за кризата во Украина.

– Во заклучокот од 15 точки се наведува дека Русија и Украина отсекогаш биле пријателски земји за Србија и дека Србија дава целосна и принципиелна поддршка за почитување на принципите на територијалниот интегритет на Украина. Во заклучокот се наведува и дека Србија, кога станува збор за санкциите, ќе се води исклучиво од заштитата на сопствените витални економски и политички интереси, пишува во соопштението на Билчик и Фајон.

Се наведува дека Србија, иако го поддржува територијалниот интегритет на Украина, одбива да се приклучи на санкциите на ЕУ против Русија, дека „недвосмислено не ја осудила руската воена агресија“ и дека заедно со БиХ е „единствената земја на Западен Балкан што не се усогласила со позицијата на ЕУ“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца