БиХ: Повеќето работници од Тузла се откажаа од патот кон Хрватска

Од:

Најголемиот број на работници од четирите пропаднати фирми од подрачјето на Тузла, кои пред два дена во знак на протест поради тешката состојба во која се наоѓаат се упатија кон Хрватска за таму да побараат помош, денеска се откажаа од својата намера откако владата на Тузланскиот кантон им понуди еднократна помош.

Кантоналниот премиер во оставка Бахрија Умиханиќ претходно се сретна со обесправените работници и им вети уплата од по 300 конвертабилни марки (околу 150 евра) и доделување семејни пакети во вредност од по 100 марки.

Таа одлука денеска ја потврди кантоналната влада, па помош ќе добијат околу 800 работници од фабриката „Аида“, „Коњух“, челичарницата и фирмата „Дита“, пренесува Хина.

Сепак не беа сите задоволни од понудената помош, па помала група работници одлучи да продолжи кон граничниот премин Орашје, потврди членот на раководството на синдикалната организација на „Аида“ Хасан Ужичанин, но не можеше да прецизира што точно очекуваат работниците кои одат кон границата.

На почетокот на протестниот марш работниците најавуваа и дека ќе побараат помош во некоја од земјите од Европската унија.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик