Бернд Борхарт – нов шеф на мисијата ЕУЛЕКС

Од:

Германскиот дипломат Бернд Борхарт ќе биде нов шеф на мисијата ЕУЛЕКС, јавија денеска приштинските медиуми.

Се очекува Борхарт во текот на наредната седмица да биде и официјално именуван на функцијата.

Тој ќе го замени францускиот генерал Гзавие Бу де Марнак, и на тој начин ќе ја прекине практиката пензиониран француски генерал да биде на чело на мисијата во историјата на ЕУ.

Високи извори на ЕУ за „Коха диторе“ потврдија дека изборот на германскиот дипломат, кој беше и амбасадор во Тирана, на функцијата шеф на ЕУЛЕКС е сигурен.

Борхарт има искуство и со Косово, бидејќи за време на конфликтот беше заменик на Вилијам Вокер, кој беше шеф на Верификационата мисија на ОБСЕ на Косово.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски