Белград: Средбата Вучиќ-Путин е од исклучителна важност

Од:

Генералниот секретар на српскиот претседател Александар Вучиќ, Никола Селаковиќ изјави дека средбата на шефот на српската држава со неговиот руски колега Владимир Путин, што е закажана за идната недела, ќе биде од исклучителна важност за Србија.

– Очекувам средба во четири очи на двајцата претседатели, а потоа и состанок на мешовитиот Српско-руски комитет за соработка, изјави Селаковиќ за ТВ Прва, оценувајќи дека ова е една од најважните средби на Вучиќ.

Селаковиќ очекува рускиот претседател Путин да дојде во Србија во следните шест месеци, а можеби и оваа година.

Тој изјави дека од разговорите помеѓу делегациите на Србија и Косово во Њујорк не очекува ништо ново, ниту епохално, бидејќи, како што оцени, тоа се разговори кои се во тек и кои се „тешки и мачни“.

– Српскиот претседател Александар Вучиќ по прашањето за Косово се обиде да го најде вистинскиот агол, позиција која е тешко да се најде и да се избори да се зачуваат српските интереси во Косово, рече Селаковиќ.

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната