Белград повторно во 10-те најзагадени градови во светот, на граѓаните им се препорачува да носат маски

Од:

Сè уште не е започната грејната сезона, а Белград сè уште е во првите десет најзагадени градови во светот.

На веб-страницата AirVisual е наведено дека во 9 часот утринава концентрацијата на штетните ПМ честички била 10,2 пати поголема отколку што препорачува Светската здравствена организација.

Овој сајт го оцени воздухот во Белград како загаден и „нездрав за чувствителните групи“, пренесува N1.

Од Белград, според оваа веб-страница, Врање и Панчево се први по позагаденост во Србија.

На оваа популација ѝ е препорачано да не излегуваат надвор, а доколку излегуваат да носат маски.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски